Загриженост од ЕП и германскиот Бундестаг за непочитувањето на Договорот за регуларни избори

Од:

Денеска во рамките на меѓународната конференција Миграција и интеграција, што се одржува во Цавтат, Република Хрватска, Едмонд Адеми, член на И.О на СДСМ и Лидија Димова, претседателка на Комисијата за европски прашања на СДСМ, остварија средба со Кнут Флекенштајн, потпретседател на Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парлмент, Тања Фајон, пратеничка во ЕП и Јосип Јуратовиќ, претеник во германскиот Бундестаг.

Делегацијата на СДСМ ги информираше дипломатите од Европа за актуелните случувања во Република Македонија, пред се за одлуката на власта да оди сама на избори, без исполнување на условите од Договорот од Пржино за фер и регуларни избори, а тоа се доверлив и прочистен Избирачки список и регуларни медиуми. Претставниците на СДСМ го соопштија децидниот став на опозицијата дека избори на 5 јуни во вакви околности не се можни и дека на таквите лажни, нефер и нерегуларни избори нема да учествува.

На средбата, освен за едностраната одлука за распуштање на Парламентот, се разговараше и за скандалозниот потег на Владата да ги укине сите одлуки на двајцата министри од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски, со што, по којзнае кој пат, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот сателит ДУИ го погазуваат пржинскиот Договор.

Преставниците од ЕП и германскиот Бундестаг изразија загриженост за последните случувања во Македонија и за непочитувањето на Договорот од Пржино, што требаше да обезбеди регуларни избори. Последниот потег на власта со којшто се укинуваат одлуките на министрите на СДСМ во техничката Влада, формирана да спроведе фер избори, се смета за директно погазување на Договорот од Прижино од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Кнут Фленкештајн и Тања Фајон изразија целосна поддршка на Платформата за демократска Македонија, што денеска ја потпишаа СДСМ и коалициските партнери и ја отворија кон јавноста и граѓаните, како нешто важно и потребно за Република Македонија. Тие најавија дека на почетокот на идната недела Групата на социјалисти и демократи во ЕП ќе дебатира за случувањата во Македонија и ќе излезе со конкретен став околу последните случувања.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски