Загина жена во сообраќајка во скопско: возачот избегал, го издаде „Сејф сити“

Од:

На 02.11.2024 година во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во село Марино, скопско, патничко возило „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден, скопско, удрило во пешакот В.Н.(78) од село Марино, а потоа возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Полициски службеници од Полициското одделение Петровец по преземени мерки го пронашле возачот и сопственикот на патничкото возило.

Прегледани се видео снимки од околни објекти, разговарано е со лице- сведок, како и со лицата кои се сопственици на возилото, кои во службен разговор изјавиле дека го дале возилото на непознато лице без купопродажен договор.

Но, по преглед на снимките од „Сејф сити”, констатирано е дека се работи за лажна изјава на сопственичката на возилото Ј.С. од Скопје, која веднаш е приведена во ПС Гази Баба и признала дека нејзиниот сопруг И.С. (46) го управувал возилото. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров