Загина велосипедист во Гостивар, удрен од камион мешалка

Од:

Едно лице загина во денешната сообраќајна несреќа која случила на крстосница во Гостивар. Идентитетот на настраданиот не е познат.

Според СВР Тетово, околу 15:30 часот денеска било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Гоце Делчев” и „Беличица” во Гостивар. Според пријавата, товарно моторно возило „ман” со мешалка за бетон управувано од М.К.(56) од гостиварско Беловиште, удрило во повозрасно машко лице со велосипед, чиј идентитет засега не е утврден.

– Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди од кои починало, наведуваат од СВР Тетово.

На местото на несреќата се врши увид што го води јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва