Загина пешак на скопската обиколница, во него удрил мерцедес

Од:

Вчера вечер, во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – Северна обиколница на град Скопје, во близина на клучка Радишани, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Е.С. од Скопје, удрило во 68-годишниот К.П. од Скопје, извести МВР.

– Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари