Загина пешак на патот Тетово – Јажинце

Од:

На регионалниот пат Тетово-с.Јажинце вчера непознато патничко возило удрило во пешакот И.А.(43) од селото Дебреше, по што возилото го напуштило местото, а пешакот починал на место на незгодата.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти МВР.

Од МВР посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва