Загина охриѓанец во сообраќајна незгода кај Смилковско езеро

Од:

На автопатот Тетово-Скопје, кај Смилковско езеро, вчера околу 7,30 часот се случила сообраќајна незгода во која животот го загубил А. М. (56) од Охрид кој управувал со возило ПМВ „БМВ Х6“ со охридски регистарски ознаки.

Според полицискиот билтен, возачот излетал надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот пат с.Смиљковци-н.Бутел.

По незгодата сопатниците Н.М. (22) и дванесетгодишно дете, двајцата од Охрид, биле пренесени во Ургентен центар – Скопје каде им е укажана лекарска помош и им се константирани тешки телесни повреди. Тие биле задржани за понатамошно лекување. Додека кај возачот А.М. на местото на настанот, од страна на доктор од Итна медицинска помош, е константирана смрт.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он