Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

Од:

Мотоциклист го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска околу 12:46 часот се случи на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.

Како што соопшти СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко моторно возило „сеат“, управувано од А.А.(64) од Куманово, и мотоцикл управуван од Д.С.(49).

Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увидот на местото на несреќата е во тек.

Би можело да ве интересира

Мотоциклист загина на патот Крива Паланка – Куманово

А1он

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје