Загина мотоциклист на патот Градско-Прилеп

Од:

Мотоциклист починал во болница откако во саботата излетал од патот Градско – Прилеп кај селото Оревоец, пренесе Макфакс.

Сообраќајката се случила кога мотоциклистот со мотор Томос излетал од патот и се здобил со тешки повреди. Веднаш бил пренесен во прилепската болница, но поради тешките повреди е префрлен во Ургентниот центар во Скопје, каде по два дена од сообраќајката починал.

Идентитетот на мотоциклистот сè уште не е познат бидејќи моторот немал регистарски таблици, а починатиот најверојатно не носел лични документи во себе.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип