Загина мотоциклист на магистралниот пат Штип – Делчево

Од:

Вчера вечер, во 19.15 часот пријавено е дека на магистралниот пат Штип – Делчево, кај место викано „Чифлички бунари“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со бугарска национална ознака, управуван од 50-годишниот С.Х. од Кочани и патничко возило „опел вектра“, со кочански регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.С. од Кочани, извести МВР.

– По несреќата возачот на мотоциклот бил пренесен во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите, соопшти МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кочани.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари