Загина 60-годишник од Теарце, му се слошило и загубил контрола на автомобилот

Од:

Шеесетгодишник од тетовско Теарце починал додека управувал возило по што излетал од патот. Несреќата се случула утринава околу 6 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Слатино.

-Во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај с.Слатино, патничко моторно возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно машко лице од с.Теарце, излетало надвор од коловозот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а во службен разговор, сопругата на возачот изјавила дека пред несреќата му се слошило, по што изгубил контрола над возилото, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега