Загина 49-годишен маж во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод

Од:

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, пред влезот за село Ропотово, загинал 49-годишен маж од селото Долнени.

– На 01.03.2021 во 22:05 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, пред влезот за с.Ропотово, патничко моторно возило „форд ескорт“ без регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(49) од с.Долнени, излетало од патот. Во незгодата на местото на настанот починал возачот, информира Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски