Загина 43-годишен тракторист

Од:

Загина 43-годишен жител на штипската приградска населба Стар Караорман. Несреќата се случила на нива во близина на населбата, кога управувајќи со трактор се превртел и починал на самото место.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова изјави дека 43-годишниот К.Ц е пронајден околу 21.50 часот во близина на приградската населба Стар Караорман, а од семејството било изјавено дека починатиот кон нивата се упатил околу 16 часот.

На местото на несреќата излегле полициски службеници, јавен обвинител, Итна медицинска помош и пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Штип. Лекар од Брзата помош на местото констатирал смрт, телото на починатиот е предадено на семејството.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок