Загина 35-годишник во Марена, со камион кипер закачил далекувод за струја

Од:

Загина 35-годишник во кавадаречкото село Марена, со камион кипер, додека работел, закачил 110 киловолтен далекувод за струја. Несреќниот случај го потврдија од МВР.

Доктор Ратко Грков од Итна медицинска помош Кавадарци потврди дека веднаш по пријавата на случајот, медицинска екипа заминала на лице место.

-Пронајдовме лице без знаци на живот. Се обидовме да му пружиме помош и да го реанимираме, но залудно, констатиравме смрт кај лицето, рече Грков.

Неофицијално загинатото лице е од Росоман, а во моментов се врши увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес