Загина 32-годишен маж откако со трактор излетал од патека

Од:

32-годишен маж од Вранештица е затекнат без знаци на живот во атарот на кичевското село, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 28.07.2021 година во ОВР Кичево од Итната медицинска помош во Кичево е добиено известување за повредено лице во атарот на кичевското село Вранештица и дека по нивното пристигнување, без знаци на живот бил затекнат З.М.(32) од истото село, соопшти МВР.

По наредба на Јавен обвинител извршен е увид при што било констатирано дека З.М., спуштајќи се по шумска патека со трактор натоварен со огревно дрво, изгубил контрола и излетал од патеката.

Би можело да ве интересира

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Пукање од автомобил во скопски Центар