Загина 22-годишен мотоциклист во Арачиново

Од:

Вчера околу 13 часот, во селото Арачиново, Скопско, се случи сообраќајна незгода во која загина 22-годишно момче.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. (43) од Арачиново и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Х.Б. (22) од село Арачиново.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде починал.

Сопатникот на мотоциклот, А.С.(26) од село Арачиново, исто така, се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари