Загина 20-годишник од Богданци откако со автомобил излетал од пат

Од:

Едно лице почина, а четири се повредени откако со патничко возило излетале од патот на улица „Маршал Тито“ во Богданци.

– На улица „Маршал Тито“ во Богданци, вчера околу 4 часот патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот В.С. од Богданци, излетало од патот, соопшти МВР.

Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес