Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Од:

Приведена е 53-годишна струмичанка, осомничена за лихварство.

Според информациите од полицијата, Ј.Т. во јуни минатата година му позајмила 2.700 евра на жител од струмичко село, но потоа од него побарувала да врати дури 15.000 евра.

Вчера, оштетениот се сретнал со неа за да ѝ исплати 100 евра, износ кој таа го определила како месечна камата. Во моментот кога ѝ ја предал однапред обележаната банкнота, полицијата ја лишила од слобода.

При прегледот кај неа биле пронајдени обележаните пари, како и тетратки и листови со евиденција за дадени позајмици и камати.

Со судска наредба бил извршен и претрес во нејзиниот дом, при што биле одземени пари во денари и евра, нотарски акти, како и дополнителна документација која укажува дека во повеќе наврати давала пари со високи камати, стекнувајќи противправна имотна корист.

Осомничената е задржана во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По негово целосно расчистување, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски