Загина 20-годишен моторциклист

Од:

МВР извести дека вчера околу 11.40 часот било пријавено дека на улицата „Каменичка“, моторцикл „хонда“, управуван од И.К.(20) од Македонска Каменица изгубил контрола и излетал од коловозот по што И.К. испаднал од моторот, а моторот удрил во патничко моторно возило „рено лагуна“ управувано од С.Д.(47) од Делчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.К, кој на пат кон болница починал.

Од страна на лекар од итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Револуционерната гарда

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден