Загина 19-годишно момче во сообраќајка на патот Радовиш-Струмица

Од:

19-годишно момче од Радовиш утрово загина во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучката Воиславци.

Како што дознава МИА, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило Голф управувано од Кристијан Р. роден 1998 година и товарно возило „Мерцедес“ управувано од Тодорче Ј. роден 1959 година.

Во незгодата на лице место починал возачот на голфот Кристијан додека неговата сопатничка Елена Г., исто така родена 1998 се здобила со повреди, со возило на итната медицинска помош пренесена е во Здравствениот дом Радовиш.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип