Загина 19-годишник, со автомобилот излетал од патот и се забил во столб

Од:

19-годишник од гостиварското село Чегране го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во која со автомобилот „сеат ибица“ излетал од патот и удрил во столб.

Со тешки повреди, починал на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза. Несреќата се случила на автопатот Гостивар-Тетово на наплатната станица Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, информираше Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари