Загина 11-годишно момче во сообраќајка во скопско

Од:

Единаестгодишно момче загина во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 20 часот на патот Скопје – ХЕЦ „Козјак“.

Од полицијата информираат дека сообраќајната незгода се случила синоќа во 19:20 часот на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ „Козјак“ во која патничко возило „БМВ“ со италијански регистарски ознаки, управувано од Ш.Д. (39) од село Црн Врв, удрило во трактор „ИМТ-533“, управуван од Д.М. (40) од село Малчиште.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од тракторот, Д.И. (41) од село Малчиште и единаесетгодишно момче од истото село. Како последица од повредите во 23:55 часот единесетгодишникот починал во Ургентен центар Скопје.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата