Зафатени се првите 15 термини за состанок со новиот министер за здравство, Азир Алиу

Од:

Веќе се резервирани првите 15 термини за состанок со министерот за здравство Азир Алиу, беше соопштено на денешната прес-конференција во Министерството за здравство.

– Вистинската реформа почнува тогаш кога институцијата престанува да зборува сама со себе и почнува да го слуша народот со отворен ум и јасна намера за промена. Затоа, денес не претставуваме само нова веб-страница, туку создаваме институција што слуша и реагира, рече Алиу.

Преку алатката Отворен кабинет, како што потсети министерот, секој граѓанин може директно да закаже средба со него, секој петок, без бариери и без бирократија.

-Лице в лице, човечки разговор со почит, одговорност и подготвеност за конкретни решенија. Првите 15 термини веќе се резервирани. Ова е доказ дека граѓаните имаат што да кажат и конечно имаат каде да бидат слушнати. Јас сум тука да ги слушнам, нагласи Алиу.

Оваа иницијатива, смета тој, не е само услуга, туку став.

-Таа е став. Став дека здравството не смее да биде затворен систем, туку жив организам што комуницира, систем што вклучува и реагира навреме. Здравство што комуницира, вклучува и реагира не смее да биде само слоган. Тоа е јавна обврска. Обврска што јас како министер, ја прифаќам со целосна одговорност и секојдневно ќе ја исполнувам со работа, отчетност и лично присуство, додаде Алиу.

За неговата визија како министер, тој рече дека е да се изгради здравствен систем што зборува со граѓанинот, делува со интегритет и се води од доверба.

-Систем што не се води од впечаток, страв или политички притисоци, туку од точни податоци, реална анализа и вистинските потреби на населението, заклучи министерот за здравство Азир Алиу.

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Алиу: Ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести, ќе има тригодишна набавка

А1он

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Алиу: Примарната цел на законот за пушење не е да казнува, туку да превенира

А1он

Алиу: Новиот закон го уредува пушењето на отворени места каде се движат многу граѓани