Заев – Заниер: Политиките на градење мостови обезбедуваат перспективи за Македонија

Од:

Забележлива е порелаксирана атмосфера меѓу граѓаните во Македонија, продолжете со политиките што обезбедуваат перспективи, му порача денеска високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Ламберто Заниер на премиерот Зоран Заев.

На средбата во Владата на која присуствуваше и министерката за образование и наука Рената Дескоска, Заниер оцени дека интеграциите на Македонија се важни за стабилноста на државата и дека Македонија се движи во добра насока.

Претстојните локални избори, пак, заеднички констатираа соговорниците, се важни за натамошниот демократски развој на Македонија.

– Се определивме за концептот едно општество за сите, што се покажа успешен зашто сите граѓани сакаат да живеат квалитетно, со своите семејства и блиските, во родната земја. Ние се грижиме за практичните потреби на сите граѓани, согласно Уставот и така ќе продолжиме да работиме, бидејќи знаеме дека секој човек е важен и само ваквите политики на посветеност кон граѓаните и изградба на мостови носат добра иднина и просперитет на државата, рече премиерот Заев.

Заев додаде дека Република Македонија е определена и кон продлабочување на пријателствата и соработката и во регионални рамки и оцени дека во регионот постои позитивна клима што може да обезбеди исчекор кон развој на сите држави и нивните граѓани.

– Да се посветиме конечно на економијата, зашто граѓаните тоа го очекуваат од нас, рече премиерот Заев на средбата со Заниер.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски