Заев: Законот за спречување и заштита од дискриминација гарантира еднаквост за сите

Од:

„Државата оди напред! Едно општество за сите, и во добро, и во криза, секогаш, а од сега и уредено со нов Закон за спречување и заштита од дискриминација кој гарантира еднаквост за сите,“ напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по повод донесувањето на законот.

Социјалдемократите, прогресивните сили во државата и граѓанското општество, додава Заев, се изборија за долгоочекуваниот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

„Припадниците на маргинализираните заедници, вклучувајќи ја и ЛГБТИК заедницата се еднакви пред законот како и сите останати граѓани. Со стапувањето на сила, секој граѓанин ќе знае дека е безбеден во својата држава и дека ќе може да ги обезбеди своите права, загарантирани со уставот. Честитки за сите активни граѓани кои доследно се изборија за овој успех,“ пишува премиерот на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

Заев: Пет години, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги и клевети

Горан Наумовски

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси