Заев за уривањето: Порта Македонија не попречува пешачки и моторен сообраќај

Од:

Премиерот Зоран Заев со мислењето испратено до Општина Центар вели дека Владата не барала уривање на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза туку почитување на мислењето на стручните комисии. Тој денес објасни дека конкретно Порта Македонија не го попречува движењето.

„Мислењето дадено до Општина Центар од Владата не укажува дека треба да се урива кој било од споменатите објекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата од стручните комисии формирани од извршната власт. Напротив, конкретниот проект Порта Македонија, не попречува пешачки ниту моторен сообраќај. Низ уличната мрежа секојдневно минуваат и пешаци и возила односно дозволена непречена комуникација“, рече премиерот Заев.

Со мислење Владата побара од Општина Центар во новиот план „Мал ринг“, кој е во подготовка, да ги избрише недоградениот споменик на Мајка Тереза и Порта Македонија. Општина Центар, по мислењето од Влада, испрати допис до Министерството за култура како инвеститор на објектите во кое бара да се изјаснат дали се за уривање.

Сите досегашни стручни мислења беа дека и Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза се на места на кои не треба да има такви објекти, дека се изградени како дивоградби и препорачуваа нивно уривање.

Би можело да ве интересира

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич