Заев за српски „Блиц“: Во разговорот со Вучиќ ќе ги решиме сите недоразбирања

Од:

Премиерот на Македонија, Зоран Заев во изјава за српски „Блиц“ изјави дека без никакви предвремено донесени заклучоци го поддржува повикот од Белград за заштита на односите помеѓу Македонија и Србија и за воспоставување на стандарден кодекс за однесување.

Тој изјави дека во денешниот разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе ги решат сите евентуални недоразбирања.

Заев тврди дека македонската влада никогаш немала намера, ниту дала инструкции за вршење на разузнавачки активности против или на сметка на било кој сосед, вклучувајќи ја и Србија и истакна дека македонската влада е посветена на изградба на добрососедски односи со СРбија.

– Уверен сум дека единствено решение е со конструктивен пристап, отворен и директен дијалог по сите прашња и пронаоѓање на заеднички корисни решенија, рече Заев.

На директно прашање дали македонската влада има договор со албанското малцинство на сметка на српските интереси, Заев одговори дека тоа се лажни вести.

– Дозволете ми да бидам јасен, во нашата политика нема стратегија на сметка на Србија. Посветени сме на одржување и континуирана работа на јакнење на билатералните односи со нашите соседи, Република Србија. Нашиот пристап кон надворешната политика се заснова на политиката на отворени врати, директен дијалог и добра волја која ќе ги решите проблемите, наместо да ги создава. Сметаме дека тоа е најефикасниот начин за градење на добрососедски односи, соработка и партнерство, рече Заев.

Што се однесува на прашањето за Косово, Заев кажа дека македонската влада ќе настојува да изгради пријателски однос засновани на взаемно почитување и јакнење на трговските врски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Во Србија најпопуларен светски лидер е Владимир Путин

А1он

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски