Заев: За сите е јасно решението, регуларни избори и аболицијата да се повлече

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Јасенко Омановиќ, пратеник во шведскиот Парламент.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Р.Македонија.

Претседателот Заев ги пренесе заложбите на СДСМ за враќање на демократските процеси во Република Македонија.

-За демократска иднина на Република Македонија неопходни се фер и регуларни избори. За сите, и за опозицијата, и за власта, и за граѓаните, и за меѓународната заедница е јасно дека без чист Избирачки список, без медиумски реформи и одвојување на партијата од државата не се можни слободни и регуларни избори, а само регуларни избори и почитување на правната држава се решение за политичката криза, рече претседателот Заев.

На средбата заеднички е констатирано дека интерес на граѓаните и на Република Македонија е мирна разврска на политичката криза. Во таа насока потенцирана е важноста за почитување на правната држава, којашто по узурпацијата од власта е и тотално погазена со аболицијата од Ѓорге Иванов, којашто ги предизвика протестите.

-СДСМ поддржува мирни и ненасилни протести и бараме повлекување на апсурдната одлука за аболиција од страна на Иванов, информираше претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“