(ВИДЕО) Заев: За министерското место за здравство, не се бираше партија, туку квалитетен кадар

Од:

Пратеникот од Алијанса на Албанците, Сирија Рашиди, рече дека неговата партија ќе ги поддржи сите реформи во судството, а притоа дека нема да дозволи селективно делување. За односите меѓу Алијансата на Албанците и владиното мнозинство, премиерот Заев рече дека му е жал што оваа партија не ја прифатила новата функција, а истовремено, рече дека кога се преговарало за министерското место за здравство, не се бирало партија, туку квалитетен кадар.

„Ние со Алијанса за Албанците, 100 процентно се согласивме со програмата и реформите. Жал ми е што не успеавме да се усогласиме во делот за преземање на одговорностите во делот на извршната власт. Пред шест месеци разговаравме дека министерот за здравство мора да биде високо квалитетен кадар. Во тој момент Таравари беше поддржан од сите, како решение што се очекуваше.

Јас со задоволство го прифатив тоа, заедно со парламентарното мнозинство. Преку медиумите дознав дека тој решил да се кандидира како градоначалник на Гостивар. Јас го прифатив тоа, ама се надевав дека нема да добие за да остане министер. Во разговорите не се водевме во точен број на пратеничките места. Прво беше личноста на човекот. Во однос на ситуацијата, ние предложивме премиер за реформи. Тоа е многу важен ресор. Навистина жалам што не се прифати тоа место. Потрошив како премиер, повеќе од месец и половина убедувајќи се да изнајдам решенија за оваа коалиција да продолжи. Ги пополнив и испразнетите места, оние кои беа испразнати и за кои имаше решенија“, одговори Заев.

Заев рече дека ќе соработува со сите партии, вклучувајќи ја Алијанса на Албанците, ВМРО-ДПМНЕ и останатите, со надеж дека во скоро време ќе се добие датум за преговори.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител