А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев за „Јуроњуз“ на грчки јазик: Неотпочнувањето пристапни преговори со ЕУ влијае на договорот за името

by А1он29/10/2019 - 15:5629/10/2019 - 21:15274
Share0

Одредени членови од Договорот од Преспа се поврзани со отворањето на поглавјата во процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за „Јуроњуз“ на грчки јазик.

Следете a1on на Instagram Instagram

Заев објаснува дека позитивниот одговор од Унијата за почеток на преговорите ќе значеше мотивација за Северна Македонија и Албанија да продолжат по вистинскиот пат.

– Постои поврзаност меѓу спроведувањето на договорот и отворањето и затворањето на поглавјата за интеграција. Особено за внатрешна употреба за некои случаи. Постои поврзаност, бидејќи нашите пријатели Грците прифатија дека можеме да го сториме тоа поради иднината што Северна Македонија ја има во Европската Унија. И во овој контекст, не постои можност за имплементација на Договорот од Преспа, вели Заев.

„Одредени поглавја ќе бидат замрзнати затоа што тие не можат да се спроведат. Ние ќе се обидеме да ги спроведеме, но тие две работи се поврзани едни со други “, вели Заев нагласувајќи дека спорните поглавја главно се однесуваат на домашната употреба на новото име на земјата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Премиерот во интервјуто истакнува дека за земјава не постои друга алтернатива освен ЕУ и дека европската перспектива е единствениот пат.

– Ако светлата од ѕвездите на знамето на Европската Унија се изгасат тогаш ќе падне мрак. А во мрак ќе се изгубиме. Затоа што, доколку има позитивен терен за радикализација, за враќање на национализмот, тоа ќе предизвика голема штета на целиот Балкан. И кога Балканот има проблем, тогаш Европа ќе има проблем, истакнува премиерот во интервјуто за „Јуроњуз“ на грчки јазик.

Интервјуто на премиерот Заев предизвика низа реакции во грчките медиуми.

euprespanski dogovor

Би можело да ве интересира

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Горан Наумовски29/08/2026 - 22:35

Кремљ: Не гледаме основа за подобрување на односите меѓу Москва и Европа

Горан Наумовски29/08/2026 - 21:08

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео