Заев за АФП: Знам дека избори на 5 јуни нема да има, парламентот ќе се состане набрзо

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за француската агенција АФП кажа дека е убеден дека изборите закажани за 5 јуни нема да може да се одржат, но и дека македонскиот парламент ќе се состане набрзо.

Тој вели дека изборите треба да се одложат додека не се создадат услови за фер и слободни избори, што со исполнување на условите би можело да биде на есен.

„Парламентот се самораспушти минатиот месец со цел да направи пат за изборите кои се дел од Пржинскиот договор со цел да се прекине политичката криза, но СДСМ и две други клучни партии одбија да поднесат кандидатски листи“, пишува француската агенција АФП.

„Знам дека нема да има избори на 5 јуни. Сите знаеме дека изборите ќе бидат одложени“, вели заев за француската агенција.

Заев вели дека очекувал сите политички партии уште минатата недела да го повикаат претседателот на парламентот да најави состанување на парламентот, што според него дозволуваат и законите во Македонија. Тој истакна дека Државната изборна комисија исто така најави дека не може да има фер и демократски избори.

„Кризата во земјата на два милиона луѓе која еруптираше во февруари минатата година, кога Заев почна да ги објавува незаконски прислушуваните разговори од 20.000 граѓани, вклучувајќи политичари, новинари и високо ниво на корупција. Владата предводена од тогашниот премиер Никола Груевски негираше дека прислушувал и го обвини Заев за државен удар. Скандалот предизвика големи протести, против и за Владата, во длабоко поделената држава, што ја натера Европската Унија да посредува“, пишува АФП.

Заев за француската агенција вели дека доколку се исполнат условите, избори на есен се добри, бидејќи е подобро за државата да има избори што побрзо.

„Уште еден шок пред еден месец предизвика и Ѓорге Иванов, сојузник на Груевски, кој аболираше повеќе од 50 јавни лица вклучени во голем криминал, што предизвика протести кои веќе еден месец се одвиваат низ целата држава“, пишува француската агенција АФП.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“