Заев за две недели ќе ги смени министрите што биле арогантни и неисполнителни

Од:

Во наредните две недели ќе се знае кои министри и директори треба да си заминат од функциите и да бидат заменети со други, најави премиерот Зоран Заев. Тој денес се врати од неколкудневниот одмор за кој вели дека му бил неопходен и за да изгради став за менувањата.

„Аргументите за смена ќе бидат ароганција, неисполнување на поставените задачи, неагилност, се она од што не се задоволни граѓаните“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање денес на презентација на истражувањето на ОБСЕ за благосостојба и безбедност на жените.

При одлучувањето премиерот рече дека ќе ги земе во предвид и решенијата на Државната комисија за спречување на корупцијата, посебно оние за влијанија при вработувањата. Освен смени на министри и директори односно на централно ниво, премиерот нагласи дека ќе има смени и на локално ниво во текот на летото, а смени ќе има и во СДСМ.

Во однос на ставот на функционерите од ДУИ дека одговараат само пред нивниот лидер, премиерот Заев рече дека сите доаѓаат од некоја партија и дека за неговите предлози како мандатар одлучува Владата како колективен орган.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски