Заев: За 50 отсто поевтинува регистрацијата на возилата со странски таблички

Од:

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки, од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, напиша вечерва премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Оние кои имаат поднесено барање за регистрација, појаснува тој, задолжително треба да ги исполнуваат следните услови: да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

– Со ова, законски создадовме можност за регистрација на возилата кои се со странски таблички, со цел регистрацијата да биде дома, а средствата да одат за патишта, за општините, како и за важни фондови за државата, напиша Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он