Заев: Втор круг нема да има и ќе заврши траумата над струмичани

Од:

Зоран Заев градоначалникот на Струмица посочува дека поденесените приговори од ВМРО-ДПМНЕ се банални забелешки и приговори измислени постфестум од како е завршено броењето по налог на партискиот штаб и доставен кон нивните набљудувачи.

„Тие требаа да измислат забелешки за да можат тоа да се преточи во приговор. Според мои сознанија илјадници вакви забелешки има низ цела Македонија и не очекувам да има повторување на гласањето во тие три гласачки места. Но и да се случи евентуално повторување на гласањето тоа теоретски не може да ја промени разликата во победата ниту пак доволниот број на гласови за постигање на цензусот за победа во прв круг“, вели Заев за А1Он.

Заев се надева дека надлежните ограни ДИК и Управен суд ќе ги одбијат приговорите.

„Со тоа ќе се заврши траумата која е наметната над струмичани повеќе од месец ипол дена“, вели Заев.

Катерина Цаневска- Арсовска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?