Заев во Словенија како поддршка на кошаркарите

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска отпатувал во Словенија за да ги бодри вечер македонските кошаркари на мечот со Србија. Според извори во партијата Заев одлучил дека и покрај обврските, на кошаркарите им треба поддршка и кога им е најтешко после двата пораза.

Синоќа од трибините навиваше и лидерот на опозициската ЛДП Андреј Жерновски што наиде на циничен статус на министерката Јанкуловска на нејзиниот Фејсбук профил. Таа ноќеска веднаш по поразот му порача да се врател оти бил баксуз. На ова и врати преку Фејсбук Жерновски со порака да не меша политика во спортот.

Но министерката не запре туку објасни дека е тоа нејзин личен став и оти била загрижена што Жерновски наместо да биде во Скопје и да им ги решава проблемите на грганите на општина Центар каде што е градоначалник оди во Словенија.

Вечерашното присуство и на најголемата опозициска партија најверојатно покрај бодрење на кошаркарите има и порака до Јанкуловска и власта дека спортистите се бодрат и кога губат а не само кога победуваат за да ги шетаат под Триумфалната порта на чело со нејзиниот шеф, премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски