(ВИДЕО) Заев: Во првите сто дена дадениот збор стана конкретна придобивка

Од:

Под мотото „Зборот е збор“ претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев заедно со ресорните министри денеска даде отчет за сработеното во првите сто дена од новата Влада предводена од СДСМ, за која работа рече дека е резултат постигнат после исклучително сложена и кризна ситуација во Македонија.

Премиерот истакна дека во првите 100 дена Владата отворила многу процеси меѓу кои се и декласифицирањето на тајните договори со странските инвеститори на претходната влада, дека се откочени многу активности на работни тела, како што е обезбедено присуството во Собранието на РМ на директорите на безбедносните служби.

Владата, како што рече Заев, се водела според пет важни одредници, меѓу кои враќањето на парите кај граѓаните, обезбедување економски развој за подобар живот, а институциите да бидат во служба на граѓаните и промоција на Македонија како пријател на соседите, која цврсто чекори на патот кон НАТО и ЕУ.

– Зборот сега е реалност. Дадениот збор се претвори во конкретна придобивка. Оваа Влада е Влада на граѓаните и на нивните интереси. Ги препознавме тие интереси и креираме најдобри решенија за нив. Уште повеќе решенијата стануваат реалност, преточени во мерки од полза на граѓаните кои во исто време се инспирација за нови потфати, истакна премиерот Заев во отчетот.

Тој укажа на фактот дека пред стотина дена почна акцијата за враќање на парите кај граѓаните и посочи дека оваа Влада уште на стартот се соочила со големиот предизвик да направи ребаланс на Буџетот, во чие креирање, како што рече, таа не учествуваше.

– Наша задача беше да ги лоцираме непродуктивните трошоци и да најдеме начини парите да ги пренасочиме кон граѓаните и компаниите. Оваа Влада има намера да се однесува домаќински со парите на граѓаните. Само со кратење на премиерскиот буџет, обезбедивме 420 милиони денари. Обезбедивме дополнителни една милијарда и 245 милиони денари во Фондот на ПИОМ за да се обезбеди непречена исплата на пензиите и трошоците на вториот пензиски столб и уште 200 милиони денари, рече премиерот Заев во обраќањето по повод „Сто дена Влада“.

Премиерот рече дека со ребалансот на буџетот за 2017 година Владата обезбедила средства за субвенционирање на минималната плата на 12.000 денари, како и трајно е решен на проблемот за околу 3.000 стечајните работници за кои Закон веќе е во собраниска процедура. Посочи дека се обезбедени 60 милиони денари за поддршка на туристичките капацитети во Македонија како и за годишен одмор на најслабо платените работници. Со 500 милиони денари, рече Заев, се поддржани мерките за нови вработувања, а и дека се обезбедени 135 милони денари за поддршка на мали и средни претпријатија.

– Оваа Влада им излезе во пресрет и на земјоделците. Уште во првите 100 дена, пакет од 10 милиони евра стигнаа во рацете на овоштарите, лозарите, сточарите и полјоделците. Особено важна е мерката од 10.000 евра неповратни средства за поддршка на млад земјоделец, рече Заев.

Премиерот посочи дека мерките кои се превземаат се со цел за враќање на парите кон граѓаните. – Една од таквите мерки е и враќањето на евтината тарифа на струјата. Бевме убедени дека таква можност постои. Со нов домаќински пристап на работењето на ЕЛЕМ и МЕПСО, нивните заштеди ќе им бидат пренесени како придобивка за граѓаните на Македонија, истакна Заев.

Ветивме, рече тој, дека во првите 100 дена ќе го објавиме вкупниот износ на сите акумулирани обврски на државата кон бизнисот и долгот се враќа. Тој посочи дека наследиле неразумно креиран јавен долг, а дека со креирање на фискални и финансиски политики, ќе се обезбеди развој кој ќе го намали долгот.

– Една од тие политики е условот кој важел за странските компании сега да важи и за домашните компании. Со домашните компании ја создаваме новата успешна приказна за Македонија, рече Заев.

Премиерот го спомна и Договорот за добрососедство со Бугарија кој според него, со Меморандумот за соработка за железничко поврзување обезбедил 70 милиони евра гранд за изградба на пругата. Во отчетот тој нагласи дека определбата на Владата е да се стават институциите во служба на граѓаните. Една од тие мерки е можноста на медиумите сега побрзо да ги пренесат одлуките на Владата. Заев го спомна укинувањето на екстерното тестирање, како и започнувањето на темелните промени на образовните програми.

– Дадовме збор дека оваа Влада ќе биде отворена и реформска. Пред сите вас го порезентиравме Планот 3-6-9. Владата даде конкретна поддршка на ДИК за зајакнување на нивните капацитети. Ги направивме сите подготовки за поддршка на фер демократски изборен процес, рече Заев.

Премерот истакна дека Владата го усогласила и усвоила текстот на законот за јазици со што се затвора и последното прашање од Рамковниот договор. Информираше дека во постапка е и утврдувањето на конечната верзија на Нацрт законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за реформите во медиумите. Рече дека се укинати сите реклами на Владата и дека ќе бидат објавени сите трошоци за таа пропаганда.

Премерот информираше и за подготовките за реформите во правосудтсвото.

– Оваа недела ќе биде завршена и подготовката на стратегијата за реформа на правосудниот сектор. Владата обезбеди поддршка за зајакнување на кадровските капацитети на народниот правобранител. Се усовршуваат системот за борба против тероризмот и активностите за реформа во безбедносните и разузнавачките структури, рече Заев.

Планот 3-6-9, според премиерот, не враќа на брзата трака во евроинтеграциските процеси за да ја промовираме Македонија како пријател на своите соседи како земја која оди цврсто по патот кон НАТО и ЕУ.

– Република Македонија стана посакуван партнер со кој вреди, со кој треба и на кој може да се смета во предизвиците во меѓународната, регионалната и меѓусоседската политика, рече Заев.

Договорот со Бугарија, според премиерот, е определба на Владата да води политика на решенија, а не на проблеми, тој став, додаде, е определен и во реафирмација на односите со Грција. Заев рече дека средбата со протпретседателот на САД Мајк Пенс во Подгорица е афирмација за нашата НАТО аспирација. Тој ја нагласи и поддршката на Шведска и Норвешка како и несебичната поддршка на Финска за реформите во образованието.

За посетата во Израел, премиерот Заев рече дека е придонес за нашата определба на Република Македонија да се гледа како на пријател и партнер на патот кон НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он