Заев од Хрватска: Сите во Македонија треба да се помириме

Од:

Делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, во која беа Оливер Спасовски, секретар на партијата и министер за внатрешни работи и Едмонд Адеми, член на Извршен одбор, утрово остварија средба со претставници од Советот за македонското национално малцинство на Град Загреб и невладината граѓанска организација „Хрватско-македонска тангента“.

101_2963

Македонските гости беа запознати со организираноста и структурата на македонската дијаспора во Хрватска, со образованието на Македонците на мајчин јазик, со постоењето на претставник на Македонската православна црква и изградба на во Хрватска, како и со сите досегашни дострели на македонската дијаспора во Хрватска во доменот на кулура, стопанство и медиумска застапеност.

„Македонците во Хрватска се одлично примени и со успех ги користат многубројните права коренспондираат со нормите на членките на ЕУ. Капитална добивка е тоа што македонскиот јазик кој се изучува како изборен предмет во Хрватска преку сведителствата каде е наведен под уставното име е влезен во ЕУ, истакна Томе Апостолоски, претседател на Советот за македонско национално малцинство на град Загреб.

101_2962

Гостите се информирани за актуелната политичка и економска ситуација во Хрватска, за напорите што Македонците преку своите организации и здруженија ги прават за унапредување на односите помеѓу Република Хрватска и Република Македонија во разни сегменти на животот.

Претседателот на СДСМ, Заев, на средбата посочи дека целиот процес што во моментот се случува во Македонија е насочен кон враќање на вистинските вредности и критериуми за функционирање на демократијата, а не да биде присутна и пресудна партиската припадност.

„Можеме, а и треба да бидеме подобра земја за нас, но и за ЕУ каде претендираме. Сите ние во Македонија треба да се помириме, да си подадеме рака“, рече Заев.

Се очекува во текот на денот Зоран Заев со делегацијата да оствари средба со Зоран Милановиќ, претседател на сестринската хрватска партија СДП, како и со поранешниот председател на РХ, Стипе Месиќ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?