Заев во Гостивар: Ние сме мултиетничка земја отсекогаш и никој не смее да нé дели

Од:

Денес ја бараме вашата континуирана поддршка на концептот што нé води на правиот пат и тоа токму од мултиетничка средина како што е Гостивар, нагласи претседателот на СДСМ и Владата, Зоран Заев во неговото обраќање на трибината во Гостивар, зборувајќи за соживотот во земјава.

– Ние сме мултиетничка земја отсекогаш и никој не смее да нé дели. Нема да дозволиме повторно да го раскараат народот. Со концептот едно општество ги отворивме сите прашања на предрасуди, а денес зборуваме за меѓучовечки односи, си помагаме едни со други и тоа треба да продолжиме да го правиме. Да не дозвoлиме на луѓе кои се лицмерни и подваат рака само ако се работи за власт повторно да внесуваат поделби. Затоа на 12 април заедно да потврдиме дека продолжуваме на прав пат. Сето друго е експеримент кој што ќе нé врати назад, не со години туку со децени, рече Заев на граѓанската трибина „На прв пат“ во Гостивар.

Тој ги критикуваше политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ дека зборуваат за чисти држави, се служат со лаги и лицемерие и дека, како што кажа, не се одважиле за да покажат државотворност во важните моменти.

Заев зборуваше и за постигнатите резултати на полето на економијата, социјалната заштита, вработувањата и други сфери, низ конкретни бројки со констатација дека, во значителна мера е подобрен животниот стандард и дека во земјава има слобода на говор.

На трибината зборуваше и претседателот на комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче, кој најави нови вработувања во здравството и подновување на медицинската опрема.

– Во гостиварската болница наскоро и за прв пат ќе биде исталиран апарат за магнетна резонанца со што ќе се задоволат потребите на граѓаните и ќе се олеснат дијагностичките постапки, рече Филипче и нгаласувајќи дека политиката на актуелната влада е да се инвестира во медиционскиот кадар и пдообрување на условоите во кои работат.

Потпретседателото на СДСМ Коста Петров на трибината зборуваше за како што рече факите кои потврдуваат успесите на СДСМ во сферите на економијата, градежништвото, социјалната политика. Според Петров најголемото достигнување досега на земјата скорешното полноправно членство во НАТО и како особено важна ја најави застпеноста на жените на листитие за престојните избори.

– Денес од овде од Гостивар посебно сум горд што можам да кажам дека од следните избори на нашите лисит ќе имаме 50 отсто застапеност на жените. Такви кои посебно се истакнаа како стручни и многу посветени, а тоа резултираше со огромни успеси, истакна потпретседателот Коста Петров од трибината во Гостивар. На трибината обраќања имаа и пратеничката Ѓулумсер Касапи и директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он