Првиот директен и позитивен импакт од новото пријателство со Грција доаѓа токму овде, во Гевгелија каде од страна на деловната заедница треба да биде неколкукратно мултиплицирачко, истакна премиерот Зоран Заев на средба со бизнис заедницата при денешната работна посета на Гевгелија.
– Владата планира да ги отвори сите нови фондови како што се ИПА компонетите, фондовите од ЕУ, новата можнот на фондовите од Грција кои што се околу 200 милиони евра, а за нашата земја се меѓу 80 и 90 милиони евра, алатка што Грција ја употребувала во 2005 и беше застаната, замрзната сега пак се отвора и веќе администрациите на двете држави работат во тој правец, нагласи Заев.
Покрај ова, дополни, бизнимените беа информирани за сите мерки во државата, коишто годинава се усовршени заради нивно што поголемо користење од страна на бизнисмените, фирмите, малите и средните претпријатија ,оти на тој начин добиваат работниците, отвораат повеќе можности за профит кој се споделува со вработените.
– Наша конечна цел е да растат и платите, да е намалува невработеноста, трендовите се веќе отпочнати и јас верувам дека ќе бидат сеуште поголеми и поголеми. Ќе можеме од нив да максимизираме навистина ако сите храбро чекориме и одработиме онака како што треба, рече Заев.
Финаниската состојба на државата, смета Заев, е навистина одлична, ликвидноста е супер зголемена и, како што потенцираше, верува дека сите ќе бидеме креативни да ги користиме државните пари, можности и алатки кои стојат на располагање.
-Она што се отвора како можност со Грција, посебно овој регион, но верувам и цела држава треба да се искористи заради зголемена трговија, производство, пласмани во Грција, за нови инвестиции од Грција во Северна Македонија, заедничко инвестирање и уште многу можности кои се отвараат, потенцира Заев.
Само на тој начин, укажа, ќе расте Бруто домашниот производ, извозот, новите работни места и платите коишто, посочи, треба да бидат доволно примамливи за нашите граѓани да останат тука и да работат овде.