Заев: ВМРО-ДПМНЕ секојдневно си ја губи душата

Од:

Зоран Заев, градоначалникот на Струмица реагира на, како што вели, лагите за „Киро Ќучук’, пласирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Дрско и безобразно е, вели, да се однесе една фабрика во стечај во време кога на власт е ВМРО ДПМНЕ, а при тоа да се обвинува некој социјалдемократ, или Заев, или СДСМ како партија.

Заеви, посочува, секој месец даваат 820 плати, тоа се огромни средства кои што се даваат на луѓе кои чесно и поштено ја работат својата работа, се што имаат купено, изградено и направено е во функција на давање на плати и плаќање даноци.

„Со купувањето на акциите од 24,8 проценти, ние изгубивме огромни пари за да некој од власта си ги лечи своите хирови. Апсолутно „Еленица“ Струмица е веќе уништена фабрика благодарение на власта, како што се уништени повеќе од 90 проценти од фабриките во Македонија. Се во нашето општество тоне, се пропаѓа, исклучиво заради ваквото владеење на Груевски и ВМРО ДПМНЕ“, вели Заев.

Прашува зошто е затворена и фабриката во Неготино, зошто не функционираат и другите циглани во Македонија, и „Еленица“ е пред пропаѓање, апсолутно благодарение на власта.

„Но, уште еднаш велам, тоа што се уништува се материјални добра, но тие од власта секојдневно ја губат душата и затоа секако ќе се сноси одговорност и пред граѓаните, но најважано од се, и пред бога.Не го потценувајте сопствениот народ и престанете да манипулирате со него. Поради огромната желба да ги уништите Заеви, Вие го однесовте „Киро Ќучук“ во стечај и им го скративте правото на 700 луѓе да работат и да обезбедуваат егзистенција за своите семејства“, стои во реакцијата на Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски