Заев: ВМРО-ДПМНЕ прашува, ние работиме

Од:

СДСМ најави преку 40 средби во рамките на „Работното лето“ кое викендов се сели во Богданци, Дојран и Валандово и околните села.

Почетокот како и секој викенд одбележан со прес конференција на која овојпат говореше потпретседателот Зоран Заев.

„ Додека колегите од ВМРО-ДПМНЕ, со оние досадни прес конференции не прашуваа „Каде се трошеа парите во времето на СДСМ“, ние одевме на терен и на лице место им дававме одговор. Ги посетивме хидро-електраната „Козјак“, гасната станица во Жидилово, гасната котлара во Куманово, гасоводот во Струмица, Далноводот Битола – Скопје, бевме и пред автопати, клучки и слични инфраструктурни објекти.

Денес одлучивме на лице место да покажеме нешто друго. Овде сме да покажеме на кој начин функционира политиката на ВМРО-ДПМНЕ, чија единствена потреба е да се сликаат, да промовираат, да се рекламираат, без да имаат реална подлога за истото.

Токму на ова место, пред половина година, на фото сесијата дојдоа претставникот од владата Коњановски, како и градоначалникот на Богданци Ристо Ичков. Поставија црвен тепих, се сликаа, фрлаа лопати, поставуваа камен темелник и си заминаа.

Уште тогаш овој откупно – дистрибутивен центар пројави сомнежи кај граѓаните, кои тврдеа дека целиот проект делува сомнително поради фактот што во проектот се предвидува административна зграда од неколку илјади квадрати, додека ладилникот за складирање на производи го превиделе да биде само 180 м2.

Самите земјоделци тврдеа дека ладилник од 180м2 не може да ги задоволи потребите за складирање на само неколку посериозни земјоделци, а камоли на целата општина Богданци или пак и околните земјоделски општини.

Без разлика на нелогичноста на проектот, земјоделците се надеваа дека сепак се работи за сериозен инвеститор, кој сигурно знае што прави. Но еве, безмалку 6 месеци подоцна, на овој камен темелник останат е само овој пиреј што може да се види на оваа локација и овој билборд како сведок на пропагандата со која се манипулираше и се уште се лаже населението во овој крај“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време