Заев: ВМРО-ДПМНЕ и се е можно

Од:

По прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА , реагираше градоначалникот Зоран Заев.

„Доколку дамите и господата од ВМРО ДПМНЕ синоќа наместо да спијат спокојно излезеа на терен како и градоначалникот Зоран Заев, барем малку ќе се подзамислеа и ќе знаеа што е што кога е канализациониот систем на Струмица во прашање“, пишува Заев.

Во 00,45 часот градоначалникот Заев беше на терен и заедно со кризниот штаб и сите расположливи ресурси на Јавното претпријатие имаа целосна контрола над состојбата.

Единствено, вели „не можеше да се контролира штетата што ја направи Владата на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што не ги исчисти навреме речните корита околу Струмица“.

„Поплавите се последица на излевањето на реките: Струмица, Водочница, Крива река и Моноспитовски канал. Чија должност е нивното чистење и одржување? Се разбира на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Дека тоа не е сторено докажува отчетот со кој деновиве мавта пратеникот и кандидат за градоначалник Васил Пишев, во кои се поместени божемните остварувања на Владата за Струмица. Тоа се вика корпус деликти.Што се однесува пак до каналите кои се во надлежност на општина Струмица: каналот на ул. Крушевска република и Светиилијски порој, тие и покрај поројниот дожд не се излија, што докажува дека истите редовно се чистат и одржуваат. За разлика од Струмица, градовите со кој раководат кадри од ВМРО ДПМНЕ, Скопје, Прилеп, Штип и други се поплавуваат.

– Граѓаните се сведоци дека поплавените улици и делови од градот, луѓето од ЈПКД „Комуналец“ со максимално залагање ги чистат и ги доведуваат во нормална состојба.Природата понекогаш е немилосрдна и си го прави своето. При вакви дождови како синоќешниот, се поплавуваат и европски метрополи, но за среќа на нивните граѓани таму не постои ВМРО ДПМНЕ да држат неиздржани прес конференции, туку сите ги засукуваат ракавите и се справуваат со ситуацијата.Заклучокот од сево ова би бил: ВМРО ДПМНЕ и се е можно“, стои во писмената реакција од градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски