Заев: Власта ќе ја има целата одговорност ако излезе на избори без опозиција

Од:

На Граѓански парламент во Карбинци на жителите на им се обрати потпретседателот на СДСМ Зоран Заев.

Овие средби, рече, паралелно со протестните маршеви ги има насекаде низ Македонија за да се информираат луѓето, за нашите ставови и случувања во моментов во државата и за нашата цел.

„Црниот понеделник на 24-ти декември 2012 ја дава сликата за апсолутно, недвосмислено прекршителниот момент за владеењето во Р.македонија. Цело време наназад покажуваме, докажуваме дека во Маедконија се владее со закани, уцени, под притисок, казни и заплашувања на сопствениот народ, цело време сите знаат дека со јавни, народни пари кои за жал доаѓаат и од кредити се лаже и манипулира нашиот нрод , преку медиуми, спотови, купување и продавање на човечки души ширум Македонија за да сочуваат мир и спокојство, рече Заев

Наша цел ниту на 24-ти декември ниту сега не е да влеземе со сила и да го истераме Груевски за да седне Црвенковски, не е таа цел, луѓето кои земаат и поставуваат на власт се граѓаните и ние имаме наша одговорност во ова општество, кога пред 24 се подигнаа нови милиони, па и по 24 пак се подигнаа нови милиони тогаш ние имаме наша одговорност како опозиција да го спречиметоа, додаде тој.

Власта ќе ја има целата одговорност ако излезе на избори без опозиција, се разговара и со меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование