Заев со владина делегација на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО во Брисел

Од:

Македонска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска и утре, ќе учествува во работата на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО во Брисел.

Во состав на делегацијата се и заменик-претседателката на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и националниот координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, Стево Пендаровски.

Според агендата, попладнево премиерот Заев ќе има обраќање на настанот „НАТО ангажмани: Дијалози на Самитот во Брисел“, по што ќе замине на свечената вечера на шефови на држави и влади на земји членки, и на шефови на држави и влади на земји членки и партнери, што ја организира премиерот на Белгија Шарл Мишел.

Во текот на утрешниот ден, премиерот Заев и македонската владина делегација во новото седиште на НАТО, ќе го отпочне учеството на официјалниот дел од агендата на самитот.

Премиерот Заев во придружба на вицепремиерот Османи и министрите Шекеринска и Димитров, ќе учествува на состанокот на Лидерите на земјите членки и партнери во формат РСМ „Решителна поддршка”, на ниво на шефови на држави и влади.

Агендата на годинашниот Самит на шефови на држави и влади на НАТО оваа година во Брисел во четврток предвидува прес-конфереција на генералниот секретар Јенс Столтенберг, и церемонија на врачување на поканата за започнување на пристапните преговори за членство во НАТО за Република Македонија.

Премиерот Заев и членовите на владината делегација за време на дводневните активности на Самитот на НАТО во Брисел ќе имаат повеќе билатерални средби и ќе верификуваат повеќе декларации и документи за соработка со земји членки на НАТО.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“