Заев: Визијата на Делчев станува мост кој нѐ поврзува со другите народи за обединета Европа

Од:

Визијата на Гоце Делчев станува мост кој нѐ поврзува со другите народи во заедничките напори за обединета Европа, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил по повод 148 години од раѓањето на Делчев.

-Денес, на 4 февруари, на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се сеќаваме и величаме еден од најмаркантните херои на македонската државност. Делчев со својата посветена борба и револуционерна активност ги отелотвори идеалите на слободата и социјалната правда, кои денес се длабоко вкоренети во нашата државнотворна традиција. Неговата визија денес станува мост кој нѐ поврзува со другите народи во заедничките напори за обединета Европа, напиша Заев.

Убеден сум, наведува Заев, дека Делчев и револуционерите од тој период се горди на нашето денешно остварување кога ја направивме нашата земја членка на НАТО и кога сме на чекор до поканата за старт на преговори со Европската Унија.

-Во име на разбирањето и соработката меѓу народите, Гоце Делчев нѐ поврзува и во чест на таа идеја денеска се поклонуваме на гробот на великанот во црквата „Свети Спас“, напиша Заев на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?