Заев: Верувам дека првиот исчекор во медиумите Македонија ќе го направи преку ад-хок телото

Од:

Имаме преку дваесетина кандидати пријавени на конкурсот. Сакаме да го направиме тоа на најтранспарентен начин, на начин на којшто ќе покажеме различност од власта. Нашата цел не е партиите да поставуваат луѓе. Испративме апел до експерти и професионалци да се кандидираат на овој конкурс. Овие денови се веќе изградени критериумите согласно искуството, согласно професионалното ангажирање на овие луѓе коишто конкурирале на конкурсот за да можат да ја извршат мониторинг функцијата којашто Ад-хок телото ќе ја има. Најавено беше дека може да остане на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да ги предложат тие кандидати, два од СДСМ, два од ВМРО-ДПМНЕ како предлагачи. Но секако во делот на експертите. Ние мораме да водиме грижа да бидат пред се професионалци луѓе, затоа што многу е важно избалансираното медиумско преставување, професионалните стандарди, етичкиот кодекс, ширењето на омраза да застане, демонизацијата врз опозицијата пред се да заврши и слично, рече Заев.

Од тој апсект сите консултации ќе ги направиме до крајот на оваа седмица и верувам дека со двете имиња ќе излеземе како предлог. Драго ми е што и помеѓу кандидатите има и од помалите етнички заедници и Албаци и Турци. Се надевам дека рангирањето ќе придонесе да имаме и мултиетнички предлози на еден начин ако може така да се каже. Затоа што треба да оставиме после тоа и доволно време четворицата избрани кандидати да седнат и да го најдат петтиот. Петтиот исто така може да биде најден ако е професионалец и експерт. Јас верувам во независноста на тоа тело коешто ќе има сериозен придонес кон подобрување на медиумската состојба во тие 100 дена, но и да испрати поинаква порака дека може поинаку со медиумите во Р.Македонија.

Гледам дека некои провладини медиуми се обидуваат да шпекулираат кој ќе предлагал два, кој три и како ќе дошле предлозите. Најверојатно боли извесноста дека сакаат или не сакаат состојбите во медиумите мора да се променат.

Медиумите се една од најголемите слабости во Р.Македонија и тоа мора да се случи. Јас се надевам дека првиот исчекор Македонија ќе го направи преку ад-хок телото и преку главниот уредник којшто од делот на експертите треба да биде предложен од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска