Заев утре на средба со Меркел во Тирана

Од:

Премиерот Зоран Заев, на покана на канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, утре ќе ја предводи владината делегација во еднодневна работна посета на Тирана.

„Заев ќе учествува на работната средба на канцеларка Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Согласно агендата, во текот на попладнето претседателот на Владата Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел.

Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети Македонскиот културен центар во Тирана“, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ескалација на протестите во Тирана: Илјадници демонстранти бараат оставка од Рама, полицијата употреби солзавец и водени топови

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

Немирите во Тирана продолжуваат, Рама изјавува дека нема да поднесе оставка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Тирана