Заев упати телеграма со сочувство до Ердоган, Давутоглу и до семејствата на загинатите

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати телеграма со сочувство до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, до премиерот Ахмет Давутоглу, до семејствата на загинатите и до граѓаните на Турција, по терористичките напади во Анкара.

„До семејствата на загинатите граѓани, до пријателскиот народ во Турција и до вас изразувам длабоко жалење и искрено сочувство за загубените животи во терористичкиот напад во Анкара, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име.

Овој ужасен терористички чин, извршен непосредно пред планираниот Мировен марш во Анкара најмногу ги погоди граѓаните на Турција, но ова е серизен напад врз демократијата и загрозување на човековите права како цивилизациски придобивки.

Не постои нешто што може да го оправда нападот врз луѓе кои дошле на Мировен марш.
Денешниот запрепастувачки акт е уште еден аларм за целата меѓународна заедница уште порешително и пообединето да застане на патот на ова зло.

Се надевам дека Вие, државниот и владиниот врв, заедно со граѓаните на Турција, успешно, одлучно и на демократски начин ќе одговорите на тероризмот што ги потресе вашата земја и светот“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО