Заев упати честитка за Велигден до верниците и до г.г. Стефан

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и до сите православни верници во Република Македонија.

„Дозволете ми во мое лично име и во името на СДСМ, вам, на членовите на Синодот, на вашето ценето свештенство и монаштво, на сите православни верници во Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден. Со честитките за празников, им посакувам на сите добро здравје, духовен мир и општа благосостојба. Овој празник нè потсетува на потребата за задржувањето на нашите општествени вредности, како меѓуверски дијалог, промоција на мултикултурната и мултиконфесионална соработка, кои треба да останат наш приоритет.

Да не заборавиме дека обврска на сите политички, граѓански и верски ентитети е да ја продолжиме посветеноста и негувањето на овие вредности, кои се основа на македонското општество. На сите православни верници во Република Македонија, им посакувам Велигденските празници да ги поминат во добро празнично расположение и во кругот на најблиските“ – порача Заев во честитката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски