Заев: Текстот на „Република“ е приказна за мали деца

Од:

Зоран Заев, градоначалникот на Струмица и потпретседател на СДСМ, ги демантира нинформациите на „Република“, дека има Заев тврди дека има голема поддршка во раководството, и дека има судир во СДСМ.

„Го читам текстот објавен во провладините медиуми и се смеам. Дали може да се оди до таа крајност, со вакви приказни за мали деца да се обидува власта да ги замагли очите на граѓаните од реалноста што ни се случува во Македонија“, вели Заев.

Јас сум, потенцира, човекот кој пред неколку дена учествуваше во донесувањето на одлуката за бојкот и истовремено со личен гест ја потврдив таа одлука за бојкот со неподнесување на кандидатски листи. Заев посочува дека е прв соработник на Бранко Црвенковски, јадека е еден од тие што учествуваат во донесување на сите одлуки во СДСМ.

„Така што вакви приказни кои што се шират по провладините медиуми се само гол обид да се сврти вниманието на јавноста од она што значи навлегување во катастрофално сценарио на Република Македонија од страна на оној кој што е повикан да ја води оваа земја, а тоа е Никола Груевски и владејачката партија“, вели во реакцијата Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ