Заев: Талат Џафери бесрамно лаже

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред почетокот на центаралната дебата од проектот „Визијата за Македонија“ на скопскиот саем го отфрли како неточно тврдењето на Талат Џафери дека законот за необјавување на „бомбите“, бил доставен и за него знаеле од СДСМ.

– Со почит кон господинот Џафери, ќе кажам дека тој бесрамно излажа. Може да ме демантира. На крајот, постои и неутрална страна како амбасадорот Бејли, амбасадорот Орав и господинот Питер Ван Хауте, кои може да кажат што навистина било , рече Заев.

Според него, предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е спроведување цензура слично како во најстрогите режими, а партиите само разговарале за идното објавувањена материјалите.

-Точно е дека се разговарало во иднина да биде регулирано објавувањето на прислушувани материјали, за да нема злоупотреби. Но ова што вчера го презентираа владејачките партии беше комплетно изненадување и за нас и за странците. Очекувам денеска законот да биде повлечен, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски